Connect with us

Најдобриот стрелец во Серија А пред трансфер во Саудиска Арабија

Саудискиот клуб Ал-Кадисија покажува сериозен интерес за напаѓачот на Аталанта и најдобар стрелец во Серија А, Матео Ретеги.

Според информациите, Ал-Кадисија подготвува официјална понуда во висина од 60 милиони евра, која се очекува да биде испратена до крајот на оваа седмица.

Претходно, клубот не успеа да ги убеди Моисе Кин, Рикардо Орсолини и Џонатан Дејвид, кои ги одбија нивните понуди.

Во минатата сезона, Матео Ретеги заврши како најдобар стрелец во италијанското првенство, со 25 постигнати голови во 36 настапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови