
Челси официјално го ангажираше напаѓачот на Брајтон, Жоао Педро. „Сините“ платија нешто над 60 милиони евра за правата на 23-годишниот Бразилец.
Договорот на офанзивецот со лондонскиот клуб важи до 2033 година.
The boy from Brazil. 🇧🇷 pic.twitter.com/lVM8B9TlBV
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 2, 2025
Жоао Педро веќе се наоѓа во САД, каде ќе се приклучи на Светското клупско првенство, на кое настапува Челси. Напаѓачот ќе може да настапи во четвртфиналниот дуел против Палмеирас со својот нов тим.
Бразилецот претходно има играно и за Флуминенсе и за Вотфорд. Има три настапи за националниот тим на својата татковина.
Се очекува во наредните часови Челси да го претстави и Џејми Гитенс, кој пристигнува од Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
