Connect with us

Арсенал се договори со Ѓокереш и му нуди 70 милиони евра на Спортинг за реализација на трансферот

Виктор Ѓокереш е сè поблиску до заминување од Спортинг и трансфер во Арсенал.
Шведскиот напаѓач веќе ги има договорено личните услови со „топчиите“, кои му понудиле договор до летото 2030 година, а неговиот агент сега врши притисок врз Спортинг да ја прифати понудата на лондонскиот клуб.

Според францускиот „Л%Екип“, Арсенал подготвил понуда од 70 милиони евра, иако претседателот на Спортинг неодамна изјави дека клубот нема да го пушти Ѓокереш за таа сума.

Сепак, лани во летниот преоден рок, устмено е постигнат „џентлеменски договор“, според кој Спортинг се обврзал дека ќе го пушти Ѓокереш доколку некој клуб понуди 70 милиони ова лето. Агентот на играчот тврди дека има докази за тој договор и дури е подготвен да поведе тужба против Спортинг за неизвршување на договореното.

Познато е и дека Ѓокереш веќе им соопштил на клупските челници дека не сака веќе да тренира со тимот, и на сите можни начини се обидува да го форсира трансферот во Арсенал.

Во тимот на Микел Артета, Ѓокереш би имал клучна улога, имајќи предвид дека Габриел Жезус не ги исполни очекувањата, а Кај Хаверц не е типична „деветка“, нешто што на Арсенал му недостасуваше минатата сезона.

Се очекува во наредните денови да се финализира договорот и Ѓокереш да стане нов напаѓач на Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови