Connect with us

Лесни ривали за Барса и Реал на стартот на Ла Лига, првото „Ел Класико“ на крајот на октомври

Ла Лига ја објави официјалната програма за новата сезона. Првото коло ќе се одигра на 16 и 17 август, а последното е закажано за 23 и 24 мај.

Бранителот на титулата, Барселона, ќе ја започне сезоната со гостување кај Мајорка, додека Реал Мадрид ќе биде домаќин на Осасуна. Атлетико Мадрид, пак, ќе му гостува на Еспањол во првото коло.

Првото издание на „Ел Класико“ во новата сезона ќе се одигра во 10. коло, кога Реал Мадрид ќе ја пречека Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ на 26 октомври. Реваншот на „Камп Ноу“ е закажан за 10 мај.

Мадридските дербија меѓу Реал и Атлетико се предвидени за 7. и 29. коло. Реал ќе гостува на „Метрополитано“ на 28 септември, а ќе го пречека тимот на Диего Симеоне на 22 март.

Барселона ќе се соочи со Атлетико Мадрид на 11 јануари на „Камп Ноу“, а реваншот во Мадрид ќе се одигра на 5 април.

Сите наведени датуми се привремени и може да претрпат измени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови