Connect with us

Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Арсенал официјално го потврди трансферот на шпанскиот голман Кепа Аризабалага од Челси, откако „топчиите“ ја активираа откупната клаузула вредна 5 милиони фунти. Тој ќе биде резервна опција зад првиот голман Давид Раја, откако Нето се врати во Борнмут.

Кепа пристигна во Челси во 2018 година од Атлетик Билбао за рекордни 71,8 милиони фунти – највисока сума некогаш платена за голман. Во последните две сезони бранеше како позајмен играч во Реал Мадрид и Борнмут, каде што беше стартер кај „црешите“.

Аризабалага, кој има 30 години, ќе го носи дресот со број „13“ во Арсенал.

„Навистина сум среќен што сум тука, возбуден сум и со нетрпение го очекувам она што следи. Кога разговарав со Микел Артета и Ињаки Канја, веднаш ја почувствував амбицијата на овој клуб и нивната желба за победи. Мислам дека сме многу блиску до успехот и се надевам дека заедно ќе стигнеме до трофеи“, изјави Кепа.

Се очекува Арсенал во текот на оваа недела да официјализира уште два трансфери – Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Кристијан Нергорд од Брентфорд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови