Connect with us

Сити загуби од Ал-Хилал, но Гвардиола го боли глава од новата повреда на Родри

Поразот од Ал-Хилал претставуваше сериозен удар за амбициите на Манчестер Сити, но вистинската тревога за тренерот Пеп Гвардиола дојде веднаш по завршувањето на натпреварот – Родри повторно почувствува болка и побара замена.

Шпанскиот стратег со доза на разочараност потврди дека ситуацијата не изгледа наивно:

„Не може да биде полошо од ова… Родри пријави болка и веднаш побара замена. За жал, изгледа посериозно отколку што мислевме во првиот момент. Ќе имаме појасна слика по деталните медицински прегледи“, изјави Гвардиола.

Оваа повреда доаѓа само еден месец по враќањето на Родри од долга пауза поради сериозна повреда на коленото, што дополнително ја зголемува загриженоста во таборот на „граѓаните“.

Манчестер Сити се враќа во Англија по елиминацијата од Светското клупско првенство, а прегледите на Родри се закажани за утре. Засега останува неизвесно колку долго ќе биде надвор од теренот.

Сепак, мала утеха за Гвардиола е што следува кратка пауза пред стартот на подготовките за новата сезона, што му дава барем малку време за опоравување. Очекувањата се дека повредата не е од ист карактер и сериозност како претходната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови