
Мохамед Кудус е подготвен да го напушти Вест Хем и да му се приклучи на Тотенхем, а олеснителна околност во преговорите е тоа што има краткорочна откупна клаузула која важи до 10 јули.
Кудус има дозвола да замине во периодот од 1 до 10 јули, кога ќе биде активирана клаузула во износ од околу 85 милиони фунти, односно околу 95 милиони евра.
Тотенхем нема голем избор на трансфер пазарот – не може да го донесе Езе од Кристал Палас, додека Брајан Мбеумо му дал збор на Рубен Аморим дека ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.
Затоа Мохамед Кудус се наметна како главна цел и Тотенхем е подготвен да тргне по него доколку играчот се согласи на сите услови – во тој случај Вест Хем нема да може ништо да стори.
Но, далеку од тоа дека нема да профитираат – Вест Хем ќе заработи повеќе од двојно, бидејќи за Кудус плати 40 милиони фунти летото 2023 година, односно нешто помалку од 45 милиони евра.
Кудус за „чеканите“ одигра 80 натпревари, постигна 19 голови и забележа 13 асистенции, и покажа дека може да игра на повеќе различни позиции во нападот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
