
Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години ќе се сретне со Чешка, Данска и со Албанија во следната квалификациска рунда за ЕП 2021.
По успехот во квалификациската група во Скопје, нашите млади фудбалери ги очекуваат нови предизвици против квалитетни, но не и несовладливи ривали. Турнирот ќе се одржи во Чешка во периодот од 7 до 10 октомври 2020 година.
Пласман во главните квалификации обезбедуваат двете најдобри селекции од секоја група, плус најдобрата третопласирана репрезентација. Сите репрезентации потоа ќе се пласираат во главните квалификации, во кои пласман на ЕП ќе обезбедат седум селекции, плус домаќинот Романија.
„Групата во која се наоѓаме не е најтешка, но ниту наивна. Противниците се доста сериозни и навистина треба добро да се подготвиме доколку сакаме да минеме во Елитна фаза квалификации. Имаме доста време за анализа и подготовка, а за мене е значајно ние да бидеме максимално подготвени и во полн состав. Данска е фаворит, Чешка игра на домашен терен, но за нас тоа не менува премногу. Ќе ја бараме својата шанса, а целта е да бидеме меѓу двете најдобри репрезентации кои ќе обезбедат место во следната фаза за Европско првенство”, изјави селекторот на нашата У19 селекција, Шкумбин Арслани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
