
Раководството на Тотенхем донело одлука да ја активира откупната клаузула за напаѓачот на Баерн Минхен, Матис Тел, пренесува „Билд“. Фудбалерот пристигна во лондонскиот тим на почетокот од февруари, кога „петлите“ се согласија да платат 10 милиони евра за позајмицата, со вклучена опција за комплетен трансфер во вредност од дополнителни 35 милиони евра.
Тел постигна два гола и забележа една асистенција на 13 натпревари во Премиер – лигата, но најчесто влегуваше од клупата за резерви. Тој важеше за еден од најголемите таленти од академијата на Баерн, но не успеа целосно да се наметне во првиот тим.
Интересно е што оваа одлука доаѓа само неколку дена по назначувањето на новиот менаџер на Тотенхем, Томас Франк, кој најверојатно ја поддржал оваа одлука на управата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Вест Хем се раздели со менаџерот Грем Потер

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња
