
Жоан Гарсија речиси сигурно ќе биде прв голман на Барселона во следната сезона, а клубот прави сè што може за да го продаде Марк-Андре тер Штеген летово. Иако германскиот голман не сака да ја напушти Барселона, за него огромен интерес покажал клуб кој е подготвен на сè само за да го доведе.
Барселона на крајот од минатата сезона донесе одлука да го смени првиот голман за наредната сезона, што беше изненадувачки со оглед на тоа дека Тер Штеген ја има таа улога со години.
Минатата сезона Германецот ја пропушти поради тешка повреда на коленото, но се опорави и се очекуваше дека Ханси Флик ќе го врати на голот.
Сепак, нешто не беше во ред, што стана јасно кога Барселона започна да преговара со Жоан Гарсија – голманот на Еспањол е пред потпис со тимот, бидејќи сè веќе е договорено.
Се чека само Барселона официјално да ја активира откупната клаузула на Гарсија вредна 25 милиони евра, а тој веќе се договорил за условите на долгорочниот договор.
Поради тоа, Барселона летово сака по секоја цена да се ослободи од тер Штеген, кој има уште три години договор, но проблемот е што тој одбива да замине, бидејќи сака да остане и да се бори за првата позиција на голот.
Сепак, колку клубот сака да го отстрани од тимот, најдобро покажува фактот дека му било кажано дека ќе биде трет голман доколку остане, и дека воопшто нема да брани додека не му истече договорот.
Во клубот се надеваат дека ова ќе го натера Тер Штеген да размисли за заминување, а Барселона веќе има понуда за негова продажба.
Се појави информација дека голем интерес за тер Штеген покажал Галатасарај, кој бара нов голман откако Фернандо Муслера го напушти клубот. На Германецот му нудат сè што сака за да дојде во Турција и му гарантираат дека ќе биде прв избор на голот.
Галатасарај исто така го контактирал неговиот агент и при потпишувањето на Лирој Сане од Баерн Минхен, со цел да покажат дека веќе довеле една ѕвезда и дека се надеваат дека Тер Штеген ќе биде следната.
Барселона е подготвена да го пушти за само 15 милиони евра – што е уште еден јасен знак дека сакаат да се ослободат од него по секоја цена. Веќе им било потврдено на челниците на турскиот клуб дека е на продажба, но јасно е дека конечниот збор ќе го има самиот голман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпишува за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
