
Пол Погба би можел да добие втора шанса во професионалниот фудбал, откако францускиот прволигаш Монако му понудил двегодишен договор на поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед.
Според информациите од Франција, преговорите меѓу Погба и Монако ќе продолжат за време на викендот.
Погба го одигра својот последен официјален натпревар на 3 септември 2023 година, при победата на Јувентус од 2-0 против Емполи. Недолго потоа, му беше изречена суспензија поради позитивен допинг тест даден по првиот меч на „бјанконерите“ во сезоната 2023/24. Санкцијата првично беше четиригодишна, но подоцна беше намалена на 18 месеци.
Ако трансферот се реализира, тоа ќе биде првпат Погба да настапува за клуб од својата татковина. 32-годишниот играч за врска веќе беше поврзуван со Олимпик Марсеј во март, откако се врати на тренинзите, но клубот се откажа од зделката поради неговите високи финансиски барања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Вест Хем се раздели со менаџерот Грем Потер

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња
