
Реал Мадрид официјално го обезбеди потписот на еден од најголемите таленти во аргентинскиот фудбал, Франко Мастантуоно. 18-годишниот деснокрилен напаѓач ќе стане член на „кралскиот клуб“ на 14 август, на денот кога ќе го прослави своето полнолетство. Договорот ќе биде со важност до 30 јуни 2031 година.
Мастантуоно е производ на младинската школа на Ривер Плата и веќе го сврте вниманието на европските гиганти со своите настапи за првиот тим. Минатата сезона тој имаше силно влијание на играта на „милионерите“, со 61 одигран натпревар, 10 погодоци и 7 асистенции. Дополнително, го сруши рекордот за најмлад дебитант во историјата на аргентинската репрезентација.
Фудбалерот ќе остане во Ривер Плата до средината на август и ќе учествува на Светското клупско првенство во САД, што започнува утре. Реал Мадрид ќе ја активира неговата откупна клаузула од 45 милиони евра – највисока сума платена досега за аргентински играч.
Франко Мастантуоно е третото засилување на Реал Мадрид ова лето, по пристигнувањето на Трент Александер-Арнолд и Дин Хујсен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
