Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес (33) денеска е уапсен во Дубаи врз основа на налог за екстрадиција издаден од правосудниот систем на Холандија.
Веста ја потврди неговиот адвокат, Џем Полат, кој одби да даде дополнителни коментари.
Апсењето е извршено во домот на Промес нешто по полноќ во четвртокот, по што поранешниот репрезентативец на Холандија е префрлен во притворски центар во Дубаи.
Ако екстрадициската постапка биде одобрена, Промес ќе биде пренесен во Холандија под надзор на Кралската воена полиција, каде што ќе треба да ја одлежи затворската казна во траење од седум години.
Неговиот адвокат претходно побара од Апелациониот суд во Амстердам да го укине налогот за апсење, но барањето беше одбиено.
Промес првично беше осуден на една и пол година затвор поради прободување со нож на негов роднина, но казната подоцна му беше зголемена за уште шест години поради вмешаност во трговија со дрога.
Жалбената постапка сè уште трае, но одамна е јасно дека крилниот напаѓач ја заврши својата сериозна фудбалска кариера која ветуваше многу.
Промес потекнува од младинската школа на Ајакс, а покрај првиот тим на „копјаниците“ настапуваше и за Го Ахед Иглс, Твенте, Спартак Москва, Севилја и Јунајтед од Обединетите Арапски Емирати.
За репрезентацијата на Холандија одигра 50 натпревари и постигна седум голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













