
Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, откако англиските медиуми открија дека за него се заинтересирани три клуба од Премиер лигата, Астон Вила, Њукасл и Тотенхем.
Санчо неодамна ја заврши својата позајмица во Челси, клуб кој имаше можност да го откупи за 30 милиони евра, но одлучи да плати пенал клаузула од шест милиони и да го врати играчот во Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ сега инсистираат на целосен трансфер, а не нова позајмица, што дополнително ја компликува ситуацијата.
Астон Вила, клуб што ќе настапува во Лига Европа следната сезона, покажува најголем интерес, но инсистира на позајмица со право на откуп – модел што засега не му одговара на Јунајтед.
Њукасл и Тотенхем, пак, ќе играат во Лигата на шампионите, што може да биде пресуден фактор при одлуката на Санчо, кој сака повторно да настапува на највисоко ниво.
Санчо пристигна во Јунајтед во 2021 година од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра, но не успеа да го оправда вложеното. За Јунајтед одигра 83 натпревари, постигна 12 голови и запиша шест асистенции. На позајмица во Челси оваа сезона имаше ефект од пет голови и 10 асистенции на 41 натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Вест Хем се раздели со менаџерот Грем Потер

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња
