
Манчестер Јунајтед официјално го потврди ангажманот на Матеус Куња. Договорот за Бразилецот беше објавен уште на први јуни, но тогаш беше нагласено дека играчот треба да добие работна виза и да биде официјално регистриран. 26-годишниот репрезентативец на „Селесао“ пристигна во Манчестер денес, откако учествуваше во квалификациите за Светското првенство со петкратните светски шампиони.
Куња, кој пристигна од Вулверхемптон за 62 милиони фунти, потпиша договор до летото 2030 година, со опција за дополнителна сезона.
„Тешко ми е да ги опишам чувствата што ги имам како нов играч на Манчестер Јунајтед. Уште како дете во Бразил, гледајќи натпревари од Премиер – лигата во куќата на баба ми, Јунајтед секогаш бил мојот омилен англиски клуб и сонував еден ден да ја носам црвената маичка. Сакам да му се заблагодарам на моето семејство и на сите кои ми помогнаа да го остварам овој сон“, изјави Бразилецот за официјалната страница на клубот.
Матеус Куња имаше импресивна сезона во дресот на Вулверхемптон, постигнувајќи 17 голови и шест асистенции на 34 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Вест Хем се раздели со менаџерот Грем Потер

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња
