Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година и вторпат во само три дена одигра реми без голови против Косово (0-0), овојпат на домашен терен.
По првиот натпревар во Приштина, кој исто така заврши без мрежи да се затресат, и денешниот меч понуди многу борба, но малку фудбалска магија. Селекторот Горан Станиќ направи неколку измени во стартниот состав.
Македонските млади надежи очигледно дека засега делуваат цврсто во одбраната, но ќе треба да се поработи на креативноста и на желбата посериозно да се загрози и противничкиот гол.
За двете селекции, овие натпревари беа генерална проба пред квалификациските обврски, а Македонија својата ќе ја има веќе на 5. септември против Полска на гости.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













