
Манчестер Сити направи голем кикс во клучен дел од сезоната во битката за пласман во Лигата на шампионите, бидејќи не успеа да го совлада најслабиот тим во Премиер лигата – Саутемптон, со кој одигра 0-0.
Тимот на Пеп Гвардиола пристигна на „Сент Мери“ како огромен фаворит, но не ја оправда таа улога. И покрај повеќе од 25 удари кон противничкиот гол, не успеа да ја затресе мрежата.
Саутемптон, кој веќе е испаднат од лигата, ја преживеа офанзивата на Сити и додаде уште еден бод на своето салдо – бод што има големо значење за честа на тимот, особено затоа што го освои против актуелниот шампион. Покрај ова, и нема да бидат најслаб тим во историјата на Премиер – лигата, со оглед дека дојдоа до 12 бода, а Дерби Каунти во 2007/08 освои само 11.
Најефикасниот натпревар попладнево се одигра во Лондон, каде што Фулам загуби од Евертон со 1-3. Домаќините поведоа преку Хименез, но „карамелите“ направија пресврт со головите на Миколенко, Кин и Бето.
Брентфорд освои три бода на гости кај веќе испаднатиот Ипсвич со минимални 1-0. Единствениот погодок го постигна Шаде во 18. минута. Победа оствари и Брајтон против Вулверхемптон со 2-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Реал Сосиедад сака да го доведе Елиф Елмас во Ла Лига

Евро-фудбал
Дарвин Нуњез е новата цел на Јувентус
