Connect with us

Кевин де Бруин донесе триумф за Сити (ВИДЕО)

Манчестер Сити го држи курсот за Лигата на шампионите откако го совлада Вулверхемптон со 1-0 на домашен терен. Капитенот Кевин де Бруин беше стрелец на победничкиот гол во 35.минута, на асистенција на Жереми Доку.

Белгиецот со овој гол влезе и во друштво со Лионел Меси како само вториот фудбалер под раководство на Пеп Гвардиола учестувал во 250 голови, со погодоци или асистенции.

Манчестер Сити сега се искачи на третата позицика, со два бода предност пред Њукасл, кој мечот од ова коло го игра в недела.

Вулверхемптон имаше свои шанси, двапати ја погоди рамката на голот, преку Ајт-Нури и Матијас Куња, но мрежата на Сити остана недопрена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови