
Фудбалските великани на Бугарија и на Македонија денеска (17 часот) во Варна ќе одиграат хуманитарен натпревар, а комплетниот приход ќе оди за помош на семејствата на настраданите во огромната трагедија во Кочани.
„Златната генерација“ на бугарскиот фудбал предводена од Христо Стоичков, која беше четврта на СП 1994 во САД, ќе игра против селекцијата на Македонија, предводена од Илија Најдоски, Бошко Ѓуровски, Горан Пандев, а на клупата ќе биде Ѓоко Хаџиевски.
Покрај Стоичков, за Бугарија ќе настапат и легендарните Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Наско Сираков, Даниел Боримиров, Красимир Балаков, Ивајло Јорданов, Валери Божинов, Златко Јанков, Емил Кременлиев и други, а од клупата ќе ги води Димитар Пенев.
Ѓоко Хаџиевски, пак, е селекторот на македонските легенди: голманите Данчо Целески и Зоран Мицевски, потоа Илија Најдоски, Благоја Милевски, Игор Митревски, Љупчо Марковски, Митко Стојковски, Светозар Станковски, Горан Георгиевски, Горан Пандев, Марјан Стојковски, Тони Мицевски, Неџмедин Мемеди, Ванчо Трајанов, Дарко Тасевски и Драган Канатларовски, Ѓорѓи Христов, Зоран Бошковски, Агим Ибраими, Артим Шаќири, Арџент Бекири и Ванчо Мицевски.
Ова е прекрасен настан, каде фудбалските легенди од двете земји ќе покажат заедништво и голема хуманост.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-15 славеше победа против Косово во Приштина

Прва лига
Башкими го победи Пелистер во Битола

Евро-фудбал
Политано останува во Неапол до 2028 година
