
Финалето на Купот на кралот меѓу Барселона и Реал Мадрид (2-2) донесе вистинска драма до последната секунда од регуларниот дел. Во длабоко судиско продолжение, сцените на теренот го кренаа стадионот на нозе.
Рафиња тргна во силен продор, еден на еден со Раул Асенсио. Бразилецот падна во шеснаесетникот и судијата Де Бургос без двоумење покажа кон белата точка – пенал за Барса! Изгледаше како момент што ќе го реши трофејот.
Но, повторените снимки покажаа нешто друго – Рафиња падна прелесно, премногу театрално. ВАР-собата реагираше.
Де Бургос ја прегледа снимката и ја промени одлуката. Наместо удар од единаесет метри, Рафиња заработи жолт картон за симулација, што предизвика бурна реакција на фудбалерите на Барселона и голем револт на нивните фанови.
No PENALTY well done REFEREE AND He also booked Raphinha for diving pic.twitter.com/M1DdSRY5FR
— WolfRMFC (@WolfRMFC) April 26, 2025

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal