Барселона и Реал Мадрид ќе се соочат утревечер во големото финале на Купот на кралот, кое ќе се одигра во Севилја. Натпреварот се очекува со голем интерес, а тренерот на каталонскиот клуб, Ханси Флик, говореше на официјалната прес-конференција.
„Финалето секогаш е различно. Нема фаворит. Ќе играме пред многу навивачи, на прекрасен стадион, и тоа треба да го искористиме. Имаме млада екипа и ова е огромно искуство за нив. Ќе дадеме сѐ од себе, затоа што нашата цел е титулата. Секако, знаеме дека Реал Мадрид е фантастичен тим“, изјави Флик.
Тренерот на Барселона зборуваше и за тензиите поврзани со судењето и критиките упатени кон главниот судија Де Бургос, кој во текот на неделата се појави видно потресен на прес-конференција.
„Фудбалот е игра и спорт. Не смееме да заборавиме дека судиите се дел од натпреварот. Без нив, фудбал не може да се игра. Мораме да ги почитуваме, сите заедно – играчи, навивачи, тренери“, додаде германскиот стратег.
Флик посочи дека верува во својот тим и дека е задоволен од тоа како изгледа Барселона на тренинзите и на натпреварите.
„Играчите работат напорно. Ја гледам нивната посветеност и тоа ми дава самодоверба. Во последните натпревари покажавме карактер и се боревме до крај. Тоа го очекувам и утре.“
Во однос на поставеноста на тимот, Флик го потврди Феран Торес како можна опција во нападот, на местото на повредениот Роберт Левандовски.
„Феран веќе покажа дека знае да игра како ‘деветка’. Против Бетис и Валенсија беше одличен. Тој е подготвен и знае што очекуваме од него“, истакна Флик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













