Connect with us

Анчелоти загуби двајца важни играчи за финалето на Купот против Барселона

Реал Мадрид продолжува да чекори по тесниот пат кон одбраната на титулата во Ла Лига. „Кралскиот клуб“ синоќа третпат по ред победи со минимални 0-1, овојпат на гостувањето кај Хетафе, и со тоа повторно се доближи на само четири бодови зад лидерот Барселона.

Но, возбудата не застанува тука. Веќе овој викенд пред нас е уште една голема битка меѓу двата најголеми шпански ривали. Реал и Барселона ќе се судрат во финалето на Купот на Шпанија, а Карло Анчелоти пред мечот откри нови главоболки за својот тим.

„На лев бек имаме само една опција – Фран Гарсија. За жал, Камавинга и Алаба се надвор од комбинација поради мускулни повреди и нема да бидат подготвени за саботното финале“, изјави Анчелоти.


Што се однесува до фаворитската улога, искусниот стратег беше воздржан.


„Ова е дерби. А во дерби мечевите, ништо не е загарантирано. Но, важно е што ја завршивме работата против Хетафе и освоивме многу вредни три бода. Арда Ѓулер блескаше, верувам дека неговото вистинско место е во средниот ред, а не во нападот“, истакна италијанскиот стратег.

Реал и Барса веќе еднаш се сретнаа во финале оваа сезона, во Суперкупот, каде што каталонскиот гигант славеше убедливо со 5-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови