Фудбалерот за врска на Милан, Тијани Рејндерс, не планира да го напушти клубот ова лето, и покрај силниот интерес од европските гиганти Реал Мадрид и Манчестер Сити, пренесува „Газета дело Спорт“. Холандскиот репрезентативец е цврсто решен да остане на „Сан Сиро“, а и раководството на „росонерите“ нема намера да се откаже од еден од своите клучни играчи.
Рејндерс блеска оваа сезона со 14 голови и четири асистенции, а со своите одлични настапи го привлече вниманието на европските фудбалски моќници. Манчестер Сити дури испратил и свои скаути на неколку натпревари за да го следат 26-годишниот фудбалер одблиску.
Но, наместо трансфер, Рејндерс доби награда од клубот – нов договор до 2030 година, со што Милан јасно стави до знаење дека смета на него како столб на тимот во годините што следуваат.
Холанѓанецот дојде во Милан минатото лето од АЗ Алкмар и веднаш се наметна како незаменлив дел од средниот ред на „црвено-црните“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













