
Германскиот стратег Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона до летото 2027 година, што ја потврдува довербата која раководството предводено од Жоан Лапорта ја има кон него. Иако му беше понуден подолгорочен договор, Флик сам инсистирал на стратегијата „сезона по сезона“ и ќе преговара повторно по следната сезона.
Интересен момент е што Флик побарал клубот да ги обнови договорите со Жул Кунде, Френки де Јонг, Ерик Гарсија и Рафиња, играчи кои под негово водство направија значителен напредок и кои сами сакаат да останат во клубот.
Флик, исто така, го одобрил трансферот на Нико Вилијамс, кој има откупна клаузула од 60 милиони евра, но проблемот е конкуренцијата од Арсенал, кој му нуди повисока плата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
