
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, не можеше да ја скрие својата радост по убедливата победа од 0-4 над Јувентус во Торино. „Бергамаските“ доминираа на теренот и покажаа дека имаат сили да се борат за титулата заедно со Интер и Наполи.
„Фудбалот е таков – победите и поразите се менуваат. Јувентус беше во серија од пет победи по ред, и ретко кој очекуваше ваков резултат. Но, ние одигравме перфектно. Де Кетеларе имаше одлични настапи, но природно е да дојде до мал пад во формата со оглед на напорниот распоред. Квадрадо можеше да ни донесе уште поголема непредвидливост. Не е случајно што помина 10 години во Јувентус, а и сега повторно ги покажа своите квалитети“, изјави Гасперини.
„По пет месеци со по три натпревари неделно, конечно имаме повеќе време за тренинзи и одмор. Во последните две недели сите беа во оптимална кондиција, и тоа се забележа. Можевме да постигнеме уште повеќе голови во првото полувреме. Откако поведовме со 0-2, Јувентус го загуби ритамот, а ние знаевме како да го искористиме тоа“, објасни искусниот стратег.
Гасперини истакна дека неговиот тим не се откажува од битката за Скудетото.
„Интер и Наполи се одлични екипи, загубивме седумпати по ред од Интер, но можеби тоа е знак дека работите ќе се променат. Никогаш досега не сме имале три бода повеќе од Јувентус во оваа фаза од сезоната, така што ништо не е завршено.“
Тренерот на Аталанта посебно го пофали Адемола Лукман, кој одигра фантастичен натпревар. Тие двајцата се прегрнаа при неговата замена во 80. минута.
„Лукман стана неверојатен играч кога почна да игра повеќе за тимот отколку за себе. Претходно беше премногу индивидуалистички настроен. Тој растеше со Аталанта, но и Аталанта растеше со него. Сигурен сум дека Адемола може да биде нашиот капитен следната сезона“, порача Гасперини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
