Натпреварот меѓу Силекс и Вардар, кој заврши без победник со резултат 1-1, беше засенет од инцидент што се случи на патот кон соблекувалните. Се случи мешаница, а според неофицијални информации биле разменети и удари меѓу дел од актерите.
Во непријатната ситуација се роди и еден неочекувано комичен момент во кој главниот актер беше полицаец.
Инцидентот започна во делот каде што се наоѓаат соблекувалните на стадионот во Кратово. Неколку полицајци, забележувајќи ја тензијата, реагираа и потрчаа од трибините кон местото на тепачката. Меѓутоа, еден од нив не успеа да задржи рамнотежа, падна, и со тоа предизвика насмевки кај присутните.
Според записникот од извештајот на делегатот, по завршувањето на натпреварот црвен картон добил и тренерот на Силекс, Александар Васоски. Како што е наведено, тој бил исклучен поради „неспортско однесување и вербален напад врз контролорот на натпреварот“.
Контролор на овој натпревар меѓу Силекс и Вардар беше Јосип Бартон, кој воедно е и новиот претседател на Комисијата за делегирање судии при ФФМ.
@profimkd ♬ original sound – Mr.Profi
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













