Connect with us

Аталанта го декласира Јувентус во Торино (ВИДЕО)

Во последниот денешен натпревар од 28. коло во Серија А, Јувентус доживеа тежок пораз пред својата публика, губејќи со 0-4 од Аталанта. „Старата дама“ целосно потфрли, а гостите доминираа од почеток до крај.

Аталанта ја наметна својата игра од првата минута и беше многу поопасна во нападот. До водство стигна во првото полувреме преку пенал, откако Меккени играше со рака во шеснаесетникот. Ретеги беше сигурен реализатор за 0-1.

Вториот дел започна уште полошо за Јувентус, Де Рон погоди веднаш по стартот и зголеми на 0-2.

Мота реагираше со три измени во 54. минута, но без ефект. Аталанта продолжи со високиот пресинг и преку Запакоста и Лукман стигна до убедливи 0-4.

Со оваа победа, Аталанта се доближи на три бода до лидерот Интер, кој има 61 бод, а меѓу нив се наоѓа Наполи. Јувентус останува четврти со 52 бода, но може да падне на петтото место ако Лацио слави против Удинезе в понеделник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови