
Фудбалерите на Рома остварија минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Емполи во натпревар од 28. коло на италијанската Серија А.
Тимот на Клаудио Раниери ја запиша својата шеста последовна победа во сите натпреварувања, а во последните осум дуели има само едно реми, што потврдува дека „волчицата“ е во одлична форма.
MATIAS SOULE SCORES IN 20 SECONDS!
— TREQUARTISTA (@TatticaPassata) March 9, 2025
Empoli 0-1 AS Roma pic.twitter.com/mdMTYp7SBP
Рома поведе уште во првите 20 секунди од мечот, кога Матијас Суле со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата на домаќините.
До крајот на првиот дел, гостите имаа можност да зголемат, но Шомуродов погоди пречка, а ударот на Коне заврши во стативата.
Второто полувреме помина во мирен ритам, со целосна контрола на Рома, додека Емполи не успеа да создаде ниту една сериозна шанса за израмнување – барем до судиското надополнување.
Во самиот финиш, Довбик имаше одлична можност, но голманот Силвестри одлично интервенираше, додека на другата страна, Куаме за малку ја промаши целта.
Со оваа победа, Рома се искачи на седмото место со 46 бодови, додека Емполи останува 18-ти со 22 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
