
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, даде интересно интервју за „Гардијан“, каде што призна дека неговиот престој на „Олд Трафорд“ му помогнал да сфати дека нема да „умре“ ако загуби три натпревари по ред. Тој исто така смета дека сега е поразновиден и покомплетен тренер.
„Тешко е да се каже дали станав подобар тренер во Манчестер, бидејќи ретко победуваме. Ако сум искрен, не чувствувам дека сум се подобрил како тренер. Живеам тука три месеци и поминав низ многу работи. Но, мислам дека сум покомплетен тренер, затоа што понекогаш мораш да губиш и да се соочиш со тешки ситуации за да напредуваш“, изјави Аморим.
Тој додава дека во изминатите три месеци научил една многу важна лекција во која претходно не верувал – дека нема да „умре“ ако неговиот тим загуби три последовни натпревари.
„Научив и дека можам да ја одржувам својата енергија. Овие тешки моменти ми помогнаа да научам многу за себе и за играчите. Но, да не се лажеме – секогаш би преферирал да победуваме“, потенцира Аморим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
