Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, согласно даденото ветување на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, донесе одлука за зголемување на таксата (надоместок) за судии и контролори.
40 проценти е зголемена таксата за судии и контрoлори за натпреварувањата во Прва МФЛ, Втора МФЛ, сите младински категории (младинци, кадети, пионери, помали пионери, петлиња, помали петлиња), женски младински категории (младински и кадетки);
60 проценти е зголемена таксата за судии и контрoлори за натпреварувањата во Супер лига – младинци и кадети.
100 проценти е зголемена таксата за судии и контрoлори за натпреварувањата во Прва и Втора футсал лига и женска Прва и Втора лига.
Ова е само прва фаза од најавеното зголемување за судиите и контролорите. Претседателот на Комисијата за натпревари, Игор Франговски во следната фаза ќе даде предлог за зголемување на таксата (надоместокот) и за делегатите на натпреварите од МФЛ.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за укинување на забраната за присуство на публика на натпреварите од северниот регион во Детска лига. Тренерите на тимовите, учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување.
Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински санкции. Исто така, повикуваме, сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој. Приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид













