Фиорентина, по одличниот старт на сезоната, во последните пет кола во Серија А освои само еден бод, а најновиот удар го доживеа во понеделникот со поразот од последнопласираната Монца со 2-1. Поради ова, започнаа шпекулации за смена на тренерот Рафаеле Паладино, а „Кориере дело Спорт“ објави дека клубот од Фиренца веќе стапил во контакт со Игор Тудор како потенцијална замена.
Според нивните информации, Паладино ќе добие отказ ако Фиорентина ја загуби и следната средба, која во недела ја игра на домашен терен против Торино. Сепак, од клубот ги демантираа и ултиматумот за актуелниот тренер и контактите со хрватскиот стратег.
„Разговарав со претседателот Комисо, кој сака да порача дека нема никакви проблеми со тренерот. Немаме контактирано со ниту еден друг тренер, напротив, тимот е обединет и уверен дека ќе излезе од кризата“, изјави спортскиот директор Алесандро Ферари.
Фиорентина на половина од сезоната е шестопласирана во Серија А со 32 бода, а покрај овој негативен период, сè уште е во борба за пласман во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal