
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во новогодишно интервју одговараше на прашања од македонските медиуми, со цел да ја информира јавноста за своите идеи, визии и планови за унапредување на состојбите во македонскиот фудбал.
Омерагиќ ги сподели своите размислувања за состојбата на клупскиот и репрезентативниот фудбал, функционирањето на судиската комисија, имплементацијата на ВАР-технологијата, обезбедувањето на спонзорства и инвестиции, како и за поддршката од државните институции и локалната самоуправа за подобрување на спортската инфраструктура.
Исто така, тој ја нагласи важноста на враќањето на фудбалските великани во „Куќата на фудбалот“ и изрази желба конечно да се воведе ред во младинските национални селекции, со цел подобрување на нивото на игра и идниот развој на македонскиот фудбал.
Тој е оптимист и се надева дека Македонија би можела да биде дел и од Светско првенство, иако таква еуфорија не треба да создаваме уште пред почетокот на мундијалските квалификации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона
