
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, упати писмо со честитка за изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Во писмото со честитки,, првиот човек на Европската фудбалска Асоцијација, го истакнува фактот за направената одлична работа со изборот на Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ во годината кога се одбележуваат три децении од членството на ФФМ во УЕФА.
Драг претседател,
Ве молам прифатете ги моите искрени честитки за изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Оваа година, 2024, се одбележуваат 30 години од членството на ФФМ во УЕФА, а за тоа време вашата посветена Национална федерација сработи многу во градењето и развојот на фудбалот.
Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат.
Ви посакувам се најдобро во новиот, возбудлив претседателски мандат што претстои – а вие и вашите најблиски да уживате во прекрасна празнична атомсфера и среќна Нова година“, се вели во писмото на УЕФА до ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal