Масар Омерагиќ е нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Тој со максимална поддршка од делагатите, вкупно 62 гласа, е избран на новата функција со мандат до 2025 година, кога ќе се одржи Редовно годишно собрание,
“Јас сум еден од вас и знам како треба да се работи за доброто на фудбалот. Потребна е тимска работа, секојдневно трчање. Ќе вратиме голем дел од врвните фудбалски имиња, систем за подобрување на младинските категории, женскиот фудбал, спонзор на Првата лига, обединување на сите во фудбалот. Можам да ветам чесност, транспарентност, максимална, ќе се заложам за фудбал повторно да сонува секое дете. Немам волшебно стапче, но ќе работам напорно, веќе од утре”, изјави Масар Омерагиќ.
Претходно беше верификувано заминувањето на Муамед Сејдини, кој од 2019 година беше прв човек на македонскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal