
Пеп Гвардиола минатата недела го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото 2027 година, а поради очигледната криза во која се наоѓа тимот, веќе е јасно дека тимот ќе се засили во јануари.
Некои играчи веќе се поврзуваат со Манчестер Сити, а очигледно е дека приоритет ќе биде ангажирање на нов играч за врска кој би можел да го замени Родри.
Гвардиола не е задоволен со опциите кои ги има во моментов и сака дополнително да го засили средниот ред. Иако првично се сметаше дека Мартин Зубименди ќе биде главна цел на Сити, англиските медиуми пишуваат дека Гвардиола му кажал на раководството на клубот кој играч всушност го посакува.
Станува збор за младиот германски играч за врска Роко Рајц, кој игра за Борусија Менхенгладбах. Никој не можеше да претпостави дека овој 22-годишник ќе се најде на листата на желби на Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
