
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, не беше особено задоволен од ремито (0-0) против Јувентус, но изјави дека и понатаму верува дека неговиот тим може да стане шампион.
„Нормално е кога нема да победиш, да има и свирежи. Ако бев навивач, не би бил задоволен да одам на стадион и да гледам таков ‘спектакл’. Потполно ги разбирам причините зошто фановите се незадоволни“, изјави Фонсека.
„Беше многу тактички натпревар и од двете страни. Ние покажавме премногу респект кон Јувентус, но и тие покажаа голем респект кон нас, па затоа никој не презема големи ризици. Јувентус се брани многу добро и тешко е да се создадат шанси против нив. Ситуациите што ги имавме, или направивме грешки во додавањата, или нешто друго не беше како што треба. Мислам дека во одбраната се снајдовме добро, да не заборавиме колку голови Јувентус му даде на Интер пред неколку недели“, додаде тренерот на Милан.
„Требаше да преземеме повеќе ризици за да постигнеме гол, да нападнеме со повеќе луѓе за да ја пробиеме нивната одбрана. Вообичаено создаваме повеќе шанси. При поразот од Наполи имавме многу шанси, но сега едноставно не преземавме доволно ризици. Знам дека луѓето не ми веруваат, но јас продолжувам да верувам дека можеме да станеме шампиони. Остануваат уште многу натпревари, многу бодови за освојување и сè може да се случи“, заврши Португалецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
