Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ги информирал репрезентативците дека ќе се повлече од функцијата, веднаш по победата против Фарски Острови (1-0).
По натпреварот, тој влегол во соблекувалната, им ја честитал победата, се заблагодарил за заедничкиот период и објавил дека поднел оставка – одлука која долго се шпекулираше, но сега доби официјална потврда.
Фудбалската федерација на Македонија наскоро се очекува официјално да ја потврди оставката на Сејдини.
Во меѓувреме, како вршител на должност претседател ќе биде назначен Лазар Ракиџиев, додека новиот претседател ќе се избере на Изборно собрание на ФФМ.
Постојат големи шанси Масар Омерагиќ да биде следниот претседател на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













