
Македонската фудбалска репрезентација игра нерешено без голови против Летонија на Арената „Тодор Проески“ во рамките на петтиот натпревар од Лигата на нации. Во првата половина од натпреварот, Македонија остана без Елиф Елмас, кој се повреди, а најдобрата можност ја имаше Исник Алими во последните моменти на полувремето.
Во шестата минута, Чурлинов пресече топка во противничкото поле, но ударот на Трајковски заврши покрај голот. Пет минути подоцна, по центаршут на Алиоски од левата страна, Чурлинов со глава шутираше, но за малку беше непрецизен.
По 15 минути игра, првата шанса за Летонија. По центаршут од левата страна, голманот Димитриевски ја одби топката, која заврши кај Савалниекс, но неговиот удар не беше точен.
На средината од првиот дел, проблем за Македонија – Елмас мораше да излезе од игра поради повреда, а наместо него влезе Лирим Ќамили. До крајот на полувремето, Исник Алими имаше добра можност во последните моменти, но не успеа да реализира од околу десет метри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
