Атланта Јунајтед го приреди без сомнение најголемото изненадување во историјата на плејофот на МЛС – лигата, откако синоќа во третиот натпревар го победи Интер Мајами со 2-3 и ги елиминираше Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс, Жорди Алба и нивните соиграчи од плејофот.
Интер Мајами започна во плејофот како најдобар тим во МЛС, освојувајќи дури 34 бода повеќе од Атланта во текот на сезоната со 34 натпревари. Имаа предност од 1-0 во серијата која се играше на две победи против деветтопласираниот тим од Источната конференција, но тоа не беше доволно, па во полуфиналето на конференцијата против Орландо Сити ќе игра Атланта.
Матијас Рохас го доведе Интер Мајами во водство во 17. минута, а потоа гостинскиот тим за само две минути направи пресврт, со голови на Џамал Тиаре во 19. и 21. минута. Меси постигна гол со глава во 65. минута, со што израмни на 2-2. Тоа беше 850. гол за Меси во неговата кариера.
Сепак, се покажа дека овој 23. гол на сезоната (со 13 асистенции) на Меси во неговиот 25-ти натпревар беше и последен за оваа година, бидејќи сезоната на Интер Мајами ја заврши Бартож Шлиш со својот гол во 76. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













