
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат привремениот тренер Руд ван Нистелрој да остане во тимот и по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим, потврди голманот Андре Онана. Холанѓанецот ја презеде функцијата по отказот на Ерик тен Хаг и синоќа ги одведе „црвените ѓаволи“ до победа од 2-0 против грчкиот ПАОК во Лига Европа.
Ван Нистелрој, поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед, ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ против Лестер за време на викендот, по што ќе му го предаде менаџерското место на Аморим.
На прашањето во интервју за „TNT Sports“ дали играчите на Јунајтед сакаат да продолжат да работат со Ван Нистелрој, Онана одговори:
„100%. Тој е многу пријатен човек и многу добар тренер. Неговото искуство ни помага, и сме среќни под негово водство. Сепак, тоа не е нешто што можеме ние да одлучиме. Тоа ќе го реши раководството, а ние само треба да го прифатиме“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
