
Десет членови на УО на ФФМ, од вкупно 16, доставија барање до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, за закажување на итна седница, на која ќе бидат информирани за последните случувања и бараат коодринација околу ставовите и одлуките на Федерацијата, за кои не биле информирани.
Безмалку две третини од членовите на УО бараат од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, во најбрз рок да закаже седница на УО.

„Во изминатиов период се случија неколку активности на Фудбалската федерација на Македонија за кои ние како членови на УО на ФФМ не сме информирани и не сме координирани околу ставовите и одлуките на Федерацијата, иако како членови на ова тело на Федерацијата обврска ни е да носиме заеднички одлуки и ставови. Поради тоа што веќе подолго време немаме одржано седница на УО на ФФМ, ние како долупотпишани членови на овој орган на Федерацијата денеска имавме заедничка средба на која излеговме со следните заклучоци и барање кон Вас како претседател на ФФМ“, стои во дел од барањето на членовите на УО до претседателот на ФФМ.
Претседателот Муамед Сејдини неодамна беше нападнат од непознати лица пред ресторанот „Балканика“, нападот го пријави во полициска станица, а потоа замина во Нион на средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам

Евро-фудбал
Арне Слот: Многу ни беше потребна оваа победа
