
Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денес престојуваше во Европската куќа на фудбалот во Нион (Швајцарија) на покана на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, информираат од ФФМ.
„Физичкиот напад врз нашиот претседател и последните случувања во нашата земја беа повод веднаш после натпреварот со Ерменија да биде свикан итен состанок од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, а по добиените информации од УЕФА за политичко мешање во работата на Федерацијата, со што е загрозен нејзиниот интегритет.
Претседателот Сејдини, од прва рака и во детали го извести претседателот на УЕФА за настанатата ситуација, а УЕФА изрази силна поддршка за заштита на ФФМ, и нејзиниот интегритет.
Претходно (вчера), УЕФА и ФИФА заеднички испратија писмен допис до ФФМ во кој бараат закажување на состанок со претставници на владата во најскоро можно време. ФФМ веднаш го пренесе овој допис до владата на РМ во очекување на термин за бараниот состанок.
УЕФА и ФИФА се непоколебливи во нивната намера да го задржат интегритетот на фудбалот и федерацијата.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изрази искрени честитки за освеното прво место на македонската фудбалска репрезентација во групата Ц во Лигата на Нации со желби за понатамошни успеси и достигнувања“, се вели во соопштението објавено на сајтот на ФФМ.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам

Евро-фудбал
Арне Слот: Многу ни беше потребна оваа победа
