Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја совлада Молдавија со 2-1 во меч од квалификациите за Европското првенство кој се играше во Скопје.
Македонија дојде во водство во 11. минута со гол на Бехар Фета, а потоа речиси и да немаше возбудувања се до финишот од средбата.

Камбери погоди во 94. минута за предност на нашата репрезентација од 2-0, а во следната минута Молдавија преку Раилеану ги постави конечните 2-1.
Натпреварот беше без резултатско значење бидејќи двете репрезентации ги загубија шансите за пласман на континенталниот собир.
На табелата Македонија е четврта со 12 бодови и најмногу можеме да дојдеме до третата позиција, тоа би го направиле со победа против Грузија во последното коло. На врвот убедливо прва е Холандија со 27 бода, Шведска има 17, а Грузија 16. Молдавија со седум и Гибралтар со три се на двете последни позиции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













