
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беше одржана работилница за „Заштита на интегритетот и борбата против местењето на натпреварите”.
Во првиот дел од семинарот се разговараше за вредностите на фудбалската игра, проблемот со местењето на натпреварите, негово брзо откривање, безбедноста и заштитата на интегритетот, како и потребата на Уефа за заштитата од местењето на натпреварите.
Во вториот дел од семинарот беше презентиратана постапката и процесирањето на недозволените влијанија за заштитата на интегритетот на натпреварите и натпреварувањето.
Презентациите на работниот состанок беа спроведени од Роберт Марковиќ (раководител на одделот за безбедност и интегритет и Евгенија Милиновиќ (менаџер за меѓународен фудбал и развој).
Роберт Марковиќ, раководител на оддел за безбедност и интегритет при ФФМ.
„Пошироката јавност треба да биде запознаена и добро информирана за местењето на натпреварите, односно дека тоа се кривични дејствија кои го прават криминалците. Најбитното и суштинско е борбата против местењето на натпреварите на сите засегнати страни во спортот генерално, а посебно на фудбалската игра.
-Интегритетот претставува обврска спрема сопствените морални вредности и должности, начин на однесување, чесност и беспрекорност. Додека поимот местење на натпревари е манипулација со резултат на натпревар, а се со една цел, да се добијат големи суми пари со обложување.
-Клубовите од домашното првенство треба секогаш да имаат тесна соработка со ФФМ, што се однесува до овој тип на криминал. Главната цел на Фудбалската федерација на Македонија е подигнувањето на нивото на свесност на сите чинители во фубалот. (фудбалери, тренери, судии, управи на клубови и службени лица)“, изјави Роберт Марковиќ, раководител на одделот за безбедност и интегритет при ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дарко Чурлинов дерби-винер за Јагиелонија (ВИДЕО)

Интернационалци
Алекс Трајковски херој на Хајдук, даде гол во 98.минута (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса со автогол славеше на гости кај Леганес
