Арсенал го потврди продолжувањето на договорот со менаџерот на тимот Микел Артета. Должината на новиот договор не е соопштена, но англиските медиуми тврдат дека е на три години, до летото 2027 година. Со ова се става крај на одредена неизвесност околу иднината на Шпанецот, чиј сегашен договор истекуваше на крајот од сезоната.
Микел Артета е дел од Арсенал од 2019 година кога го замени Унаи Емери.
Тој има освоено еден ФА Куп со лондончани. Минатата година, Артета забележа извонредни достигнувања, постигнувајќи најмногу победи на клубот во една сезона во Премиер – лигата (28), најмногу голови (91) и најголем процент на победи (67%).
„Се чувствувам исклучително горд, многу возбуден и со нетрпение го очекувам она што претстои. Горд сум што сум тука и со односот што го имам со сите во клубот. Исклучително сум среќен што работам секој ден со добрите и амбициозни луѓе кои се во тимот. Се чувствувам инспириран, а во исто време ја чувствувам поддршката и сакам да постигнеме уште повеќе заедно. Сите во клубот заедно со играчите гледаат кон иднината заедно со навивачите кои со своите емоции го трансформираа клубот. Сега сите сме различни и мислам дека тоа е поради нив. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме оваа авантура заедно“, изјави Артета за официјалниот сајт на клубот.
A hunger for success.
— Arsenal (@Arsenal) September 12, 2024
Mikel Arteta has put pen-to-paper on a new deal at the club 👇
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski