Брегалница го презеде врвот на Истокот. Го искористи „киксот“ на Тиквеш на гостувањето во Гевгелија, ремито против Кожув (1-1) и се одлепи на првата позиција на табелата.
На Запад, Гостивар победи со новиот тренер, но и Скопје беше убедлив против Вардар Форино.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 11.коло во Вторите лиги.
1. ТРАЈЧЕ НИКОВ (КОЖУВ)
Тиквеш има страшен напад, а Кожув успеа да го сопре. На голот го имаше расположениот Ников кој бранеше сигурно.
2. РИСТЕ КАРАКАМИШЕВ (КОЖУВ)
Одигра одличен натпревар против Тиквеш, беше еден од најзабележителните во составот на Кожув.
3. МУХАРЕМ МИСЛИМИ (ДРИТА)
Беше на висина на задачата во дефанзива, а успеа да го постигне и единствениот гол за Дрита на мечот против Кадино.
4. ТРАЈЧЕ СТОЈКОВСКИ (ГОСТИВАР)
Искусен и со прволигашки стаж, Трајче Стојковски е голем адут на Гостивар. Одигра рутински, квалитетно и смирено во текот на целиот меч.
5. МИРЧЕ ПОПОВ (КОЖУВ)
Неуморен и дисциплиниран, прекина многу акции на гостите од Кавадарци.
6. КРСТЕ ТОДОРОВ (КОЖУВ)
Влева сигурност во средниот ред, изнесе голем товар на свои плеќи и има голема заслуга за бодот на Кожув.
7. МИРЛИНД ИБРАИМИ (ВЕЛАЗЕРИМИ)
Еден од најдобрите играчи на составот од Кичево, го постигна водечкиот погодок и на најави победата.
8. ДАВИД ЈОШЕСКИ (ПОБЕДА)
Стрелец на гол за прилепскиот второлигаш и носител на играта на Победа. Се идзвои од останатите со својот настап.
9. ВЛАДИМИР ЖОГЛЕВ (СКОПЈЕ)
Постигна хет – трик во убедливиот триумф на Скопје против Вардар Форино.
10. САШО ДУКОВ (КАМЕНИЦА САСА)
Двоен стрелец за својот тим на дуелот против Слога Виница.
11. МАРТИН СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Незадржлив во пробивите по крилните позиции, но и сигурен реализатор. Двоен стрелец, погоди двапати од белата точка.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: МАРЈАН СЕКУЛОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)
Дебитираше со победа на кормилото на Брегалница и веднаш неговиот тим се одлепи на врвот на табелата во Втората лига Исток.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski