
Фудбалската репрезентација на Македонија утре го отвора настапот во новото издание во Лигата на нации. Прво искушение е селекцијата на Фарски Острови, а националниот тим од вчера е веќе во Торшавн.
„Воопшто нема да биде лесен меч. Посебно кога се работи за прв меч во едни квалификации. Против себе имаме квалитетен ривал кој е дисциплиниран во својата игра. Имаме максимална почит кон сите ривали, но нашата главна цел е да завршиме на првото место во групата. Ќе видиме како ќе го направиме тоа низ текот на овие квалификации“, вели Милевски на официјалната прес-конференција.
„Треба да го дадеме максимумот ако сакаме да ги победиме. Фарски острови во минатите квалификации покажаа дека се одлични и ја победија Турција. Ние игравме со нив минатата година и тогаш го видовме нивниот квалитет. Играат цврсто, трчаат многу и треба да парираме во секој елемент на играта“, анализира Милевски.
Торшавн е навистина „студен“ во моментов, температурата едвај минута десетина степени Целзиусови.
„Не е лесно да се адаптирате од 35 степени на 12 степени, но мора побрзо да се аклиматизираме. Затоа и вчера имавме тренинг. Вештачка трева е предност за домаќинот, но ние треба да се адаптираме на сите услови и да го наметнеме нашиот квалитет што го поседуваме“, заврши Милевски.
Натпреварот се игра утре, со почеток во 15 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)
