Connect with us

Захариевски стави потпис и го презеде кормилото: Можам да ветам многу работа и Вардар да се бори за победа на секој меч (ВИДЕО)

Срѓан Захариевски ја презеде палката во ФК Вардар. По четири кола, вардарци се при дното на табелата, со само една победа и три бода, но тој многу добро знае каде доаѓа и каков бренд е Вардар, беше играч во најдобрите времиња.

„Прво голема благодарност до раководството, навивачите, структурите на ФК Вардар што ми дадоа можност и што бев нивниит избор да го водам Вардар. За Вардар не сакам да трошам зборови што значел во минатото, што значи сега и што ќе значи во иднина. Во врска со амбициите, да кажам дека доаѓам во незгоден момент, каде што не можеме да корегириме во физичка подготовка или нови играчи.Ќе пробаме уште два – три дена во преодниот рок ако може да се засилиме со нови имиња. Сепак ова е преодна фаза, ова е добар почеток од она што го слушав и од она што беше презентирано. За среќа за сите во Македонија доаѓаат добри денови во Вардар, носега амбициите се да го стабилизираме Вардар, да играме подобро, пред се да се бориме. Тоа ќе се види во секој случај од сите, а амбициите се Вардар да победува, и така и ќе биде“, вели Захариевски.

„Знам дека притисокoт е многу голем како играч на Вардар, но тој притисок и одговорност ја делиш со соиграчите. А секогаш некој друг е виновен, се знае кој. Сега јас сум тренер и јас сум „виновен“ што се вели. Секако дека го прифаќам предизвикот, секаде имав притисок како тренер, можам да ветам само многу работа, многу борба и мислам дека тоа ќе се види. Каде ќе стигнеме, крајот ќе покаже“.

Вардар не го стартуваше добро шампионатот. Захариевски вели дека ќе се обидат многу брзо тоа да го надоместат.

„Сега да бидеме реални не беа добри овие изминати четири меча. Секако дека моите претходници го дале максимумот. Останува да видиме што тоа не е добро, за две недели се сменија двајца мои пријатели, двајца мои тренери на кои им посакувам многу среќа и успеси во иднина. Сакале секако дека да го извадат најдоброто од Вардар, но она што беше прикажано навистина не беше добро. Ќе мора многу да се работи и на оној психолошки план. Ќе подобриме што може да се подобрим, едноставно да се бориме на секој меч за победа“.

Гостивар е првата пречка, после репрезентативната пауза.

„Тоа е тим кој што често ги менува играчите. Јас Гостивар оваа сезона го немам гледано, но секако дека ќе направиме добра анализа. Пред се тоа е квалитетен тим. Има и нови имиња како Марко Симоновски кој беше кај мене во Металург кога бев тренер таму. Секако дека ќе направиме добра анализа и ќе бидеме подготвени за тој меч“.

Во Вардар во моментот има и неколку повредени фудбалери.

„Знам дека има повредени, ќе се видам и со докторот на тимот да видам до каде и од што се повредите. По попладневниот тренинг ќе имам некоја слика до каде се повредите. Се надевам дека ќе заздрават до мечот со Гостивар за две недели. На крај да кажам дека можам да ветам дека Вардар ќе се бори на секој натпревар, ќе има желба, ќе има мотив кај играчите. Играчите да бидат свесни дека имаат одлични услови за работа. Ова го немаат многу европски клубови. И на крај да кажам дека со нашиот 12-ти играч, нашите фанови ќе успееме да ги оствариме целите за оваа сезона“, заврши Захариевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови