Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години одигра нерешено 1-1 против соодветната селекција на Албанија на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Подградец.
Велевски во 11. минута прв се закани по голот на противникот. Во 16. минута Македонија имаше уште една добра можност што не успеа да ја реализира.
Албанија во 34. минута постигна погодок за водство од 1-0.
Во 74. минута Стојанов ја имаше најдобрата шанса за Македонија, но не успеа да погоди.
Подобрата игра сепак е крунисана со погодок во 80. минута. Георгиевски успеа да реализира за 1-1 по една одлична акција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













