
Барселона ќе го откупи 21-годишниот Сенегалец Мамаду Мбаке, кој е во сопственост на ФК Лос Анџелес, информира каталонскиот „Спорт“. Тој е централен дефанзивец и минатата сезона играше за вториот тим на Барселона како позајмен играч од американскиот клуб.
Двата тима веќе постигнаа договор, според кој Мбаке ќе стане сопственост на Барса за 2 милиони евра. Во неговиот договор за позајмување постоеше клаузула за постојано ангажирање за 4 милиони евра, но Шпанците успеаја да ја намалат цената на половина.
Во мај, Мбаке имаше операција на коленото и нема да игра барем до крајот на септември, но и покрај тоа, на „Камп Ноу“ беа многу заинтересирани за него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
